• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

8 јули 2020 

СкопјеМинистерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на тркалезна маса со тема „Презентација на Извештајот за фундаментални права 2020: Евалуација на стандардите за човековите права во Северна Македонија низ призмата на Повелбата на Европската Унија за фундаментални права, во пресрет на отворањето на ЕУ пристапните преговори“. (на отворениот простор во Музејот на современа уметност/10:00)

Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настанот по повод почетокот со работа на производствениот капацитет на македонско-холандската компанија „Глас Флекс“ во Технолошко развојно индустриската зона Тетово. (11:00)

Скопје - Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (Клуб на пратениците, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 54, седницата ќе се одржи без присуство на медиумите, а ќе може да се следи на линкот: https://us02web.zoom.us/j/88931431461/12:00) Скопје - „Кампања за правата на децата со посебни потреби, децата кои не учат на безусловна љубов – Да создадеме свет без граници“, организирана од неколку здруженија на родители на деца со посебни потреби со цел политички партии да потпишат документ со неколку клучни барања кои ги засегаат родителите и децата/лицатата со посебни потреби. (спроти Собранието на РСМ/11:55) Скопје - Во рамки на „Скопско лето 2020“ концерт ќе одржи „АД ЛИБИТУМ“ трио. (Музеј на македонската борба/20:30) ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Скопје - Државната изборна комисија на Република Северна Македонија ќе спроведе симулација на процесот на гласање. (во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 27/14:00) Прилеп/Маврово Ростуше - Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Прилеп (19:00) и општина Маврово Ростуше (20:30) Дојран/Богданци/Валандово/Гевгелија - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Дојран (17:00), општина Богданци (18:00), Валандово (19:00) и општина Гевгелија (20:30), a ќе ја посети и фабриката „Конти“ во Гевгелија при што е предвидено да даде изјава за медиуми (14:00)

Скопје - Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на средба со ОБСЕ (преку платформата Zoom/12:30), трибина „Еднакви права и можности за жените во политиката“ (парк „Жена борец“/14:00)

Скопје - Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава на Главната улица до пазарот во општина Шуто Оризари (13:00)

Пробиштип/Злетово - Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе го посети градскиот пазар во општина Пробиштип, по посетата предвидена е изјава за медиуми (10:00), а ќе оствари и средба со пензионери во пензионерски дом по што ќе следи изјава за медиуми (14:00), потоа ќе оствари средба со граѓани во Злетово, и по средбата ќе даде изјава (15:00)

Дојран/Богданци/Валандово/Гевгелија - Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 4, Александар Николоски, на средба со граѓаните во општина Дојран  (17:00), во општина Богданци (18:00), општина Валандово, општина Гевгелија (20:30)

Гостивар - Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 6, Дафина Стојаноска,  на средба во Рекорд Гостивар со  Фуркан Чако и Ајдоган Демири, при што е предвидено да даде изјава за медиуми (12:45) и презентација на програмата во Градски парк спроти кафе бар People во Гостивар, изјава за медиуми (17:45)

Велес - Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев и носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 3, Борис Крмов, ќе имаат теренски активности, а воедно и преку медиумите ќе се обратат до јавноста. (на плоштадот Сармаале/13:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан