• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави - МКД
6 јуни 2022  Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со новоименуваниот косовски амбасадор во земјава Флориан Ќехај. (Собрание, стар кабинет/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Пробиштип - Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за земјоделство Благој Бочварски и Љупчо Николовски, во посета на општина Пробиштип.
- посета на фабриката Таб Мак (12:30 - изјавите за медиуми 13:00)
- увид на градежните работи на регионалниот пат до Лесново (во близина на лесновски манастир/13:45 - изјава за медиуми 14:05)
- посета на рудникот Булмак. (15:30 - изјава за медиуми 15:50)Скопје - Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини ќе го отвори твининг проектот „Подобрување на административните и на оперативните капацитети на органите за заштита на растенија”. отел „Парк и Спа“ во Градски парк/12:00)
 
Прилеп - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир на градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески ќе му ја врачи наградата за најзелена општина за 2021 година. (Градски парк во Прилеп, камен ѕид/11:00, изјави за медиумите пред општинската зграда на Прилеп/10:30) Скопје - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ),  организира јавна расправа на која ќе бидат презентирани анализите подготвени од Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за реформа на тарифниот систем за електрична енергија. (Стопанската комора на Северна Македонија, петти кат, сала 4/11:00) Охрид - Прес-конференција на директорката на Националната установа „Охридско лето“ Наташа Поповиќ за годинашната фестивалска програма. (Терасата Долни Сарај/11:30) Скопје - Промоција на првиот театарски сет „Театарче за игра со сенки“ со приказната „Колку е часот“, во рамки на Интернационалниот детски фестивал на сенки „Сонот на облачето“. (МКЦ/19:00) Скопје - Промоција на книгата „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. (Културно-информативен центар – Скопје, Салон 19:19/19:19) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан