• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави - МКД
13 мај 2022  Велес - Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе ја посетат компанијата „Брако“ која ќe промовира нови производствени погони. (Компанија „Брако“/11:30, тргнување од паркингот „Дрводекор“ спроти х. „Холидеј Ин“/9:45) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите на која ќе има јавна расправа на тема: „Предлог-план на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2022 - 2024“. (Сала „Борис Трајковски“/13:00) - Обраќања на Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателката на Клубот на пратенички Лолита Ристова, Н.Е. Клеменс Којашеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Цветанка Иванова генерална секретарка на Собранието. (11:00-11:30) - Презентација на Предлог-извештајот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021. (11:30-12:00) - Презентација на Предлог-планот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021.  - Дискусија и усвојување (12:00-12:30) Велес - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе изврши увид во градежните активности на системот за наводнување Славишко Поле. (село Псача, изјава за медиуми/12:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 67-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/81988186202?pwd=VnoyNThBNFk2aklORXQ1cE5Hbnd6Zz09/10:00) Штип - Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија Андреа Силвестри ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. (Простории на Ректоратот на УГД/10:00) Скопје - Семинар за почнување на регионалниот проект „Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан“ во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје. (Клуб на пратеници/12:00, предвиден дел за поставување прашања од учесниците/12:30)
Скопје - Finance Think ќе одржи брифинг на тема „Колкава е нашата сива економија". (Граѓански ресурсен центар во просториите на МЦМС/10:30) Скопје - Синдикатот на новинари и медиумски работници во соработка со граѓанската организација „Ретвитни Оброк“ ќе почне акција за заедничко петочно готвење оброци за бездомни лица и граѓани кои се во социјален ризик.
Скопје - Конференција „Младите ги слават укажувачите“ во организација на Младински образовен форум (МОФ). (Јавна соба/11:30, предвидени се изјави за медиуми)
Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе се обрати на отворањеето на реновираната спортска училишна сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“. (10:00)
Скопје - ПичПрич - гала настан за раскажување женски приказни на тема „Цепки“ - ALL STARS. (Филхармонија/20:00)
___________________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан