• среда, 20 ноември 2024
МИА Најави МКД
31 август 2022  Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе го прими Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг. (Кабинет на Претседателот/ 10:30, сниматели и фоторепортери/10:15) Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со  претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот. (сала на Влада/ 9:10) Скопје – Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи Антонијо Милошоски ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот. (Струшка сала/ 9:45) Скопје – Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николовски ќе се сретне со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри. (Кабинет 161/ 13:30) Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4 / 11:00) Скопје - Форум на генерални секретари на парламенти од Западен Балкан. (х.Мериот/9:00) Скопје - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посетат училиштето во село Блаце.(15:00) Скопје – Министерот за здравство Беким Сали и јапонскиот амбасадор Хиронори Савада ќе присуствуваат на церемонија по повод затворањето на два проекта во рамките на Јапонската програма за мали проекти односно GGP, во вредност од 161.000 евра. (ЈЗУ ГОБ „ 8 ми Септември”, главен влез/ 10:00) Скопје – Прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски. (сала за состаноци во палата „Емануел Чучков“ на ул. „Павел Патев“ бр. 3/ 11:00) Скопје - Седница на Советот на Град Скопје. (Сала на Совет на Град Скопје, бул. Илинден 82, барака 13 / 11:00) Скопје – Првата детска амбасада во светот Меѓаши на прес-конференција ќе ги промовира резултатите од проектот „Можеби сме различни, но сите имаме талент (кампања за подигнување на свеста)“. (ресторан „Ореов Лад“, Сарај/ 10:30) Скопје – Конференција: „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“, во организација на Здружение на граѓани Младите жожат. (во просториите на Europe House Skopje/ 13:00, изјави за медиумите/ 12:40) Скопје – Со проекција на „Носферату, симфонија на стравот“ на Фридрих Вилхелм Мурнау и музичка придружба на Џијан Емин почнува Фестивалот на нем и класичен филм. (Кинотека, летно кино/ 20:00) Скопје – Прес-конференција на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола. (Пред МОН/11:00) Скопје – Отворање на Мултифункционален центар Крикни во Црниче. (ул. „Баница“ бр. 1/ 12:00) Скопје – Хуманитарна изложба збогатена со културно-уметничка програма во чест и спомен на Кираца Апостолова. (НЛБ Галерија/ 20:30) Струга – Изложба на Дијана Томиќ Радевска, мултимедијална уметница и дизајнерка. (административна зграда на Музеј „Д-р Никола Незлобински“/ 20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан