• петок, 08 ноември 2024
МИА Најави МКД
26 август 2020 
Скопје - Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе присуствува на манифестацијата „Денови на Св.Мајка Тереза“ по повод 110-годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза

во организација на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. (Плоштад „Македонија“/10:00)

Куманово - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на свечената церемонија по повод отпочнувањето со работата на Kомандата за југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во Република Северна Македонија. (Касарна „Боро Менков“/17:00, пристигнување на медиумите/16:15)

Скопје - Владата на Република Северна Македонија преку видео-конференциска врска ќе ја одржи 82-рата седница. (11:00) Скопје - Советот на Град Скопје преку конференциска врска ќе ја одржи 54-та седница. (11:00) Скопје - Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани претставници на медиумите да го проследат процесот на авионското прскањето против комарци. (Аеродром во Стенковец/04:30) Скопје - Прес-конференција посветена на одбележувањето  на 41 – то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (Музеј на современа уметност/11:00) Кавадарци - Меѓународна ликовна колонија “Кавадарци - Михајлово“ во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“. (х.„Уни Палас 2“/21:00) Кавадарци - Отворање на  изложбата на ликовниот уметник Љупка Галазка Василев од Струмица насловена „Урбан лиризам“. (Галерија на Дом на културата/20:00) Скопје - Отворање на изложбата насловена „Љубовта нема граници“ на Сњежана Мелник  и Наталиа Будлинска од Украина. (НУ Спомен куќа на Мајка Тереза/19:00) Велес - Премиерно прикажување на документарниот филм „Којник“. (Амфитеатар Младински/20:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
 

Остани поврзан