• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави - МКД
4 ноември 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала „Борис Трајковски'/11:00) Скопје - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир ќе се обратат на промоцијата на потпроектот „Чаршиски туризам во општина Чаир“ – дел од „Проектот за локална и регионална конкурентност“. (Плоштад „Скендербег“/11:20) Македонска Каменица - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе изврши увид во рехабилитација на регионален пат Македонска Каменица-Саса. (Изјави за медиуми, регионален пат на 7 км од Македонска Каменица кон Саса/11:00, пристигнување на медиумите/10:45) Скопје  Научен собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт“ во организација на МАНУ и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје. (МАНУ, амфитеатар/10:00) Скопје - Онлајн дебата на тема „Пи-ар наспроти новинарство“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. (Платформа Zoom/10:30) Гевгелија - Здружението на граѓани - Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје ќе одржи трибина за најактуелните еколошки прашања. (Народен Театар, мала сала/11:00) Битола - Свечена академија и доделување на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола. (Факултет ФИКТ/12:00)

Скопје - Европската куќа во Скопје ќе ја одбележи својата прва годишнина.(https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje/10:00)

Скопје - Гала оперски концерт во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020. (Национална опера и балет/20:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан