• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
15 септември 2021  Скопје – Продолжение на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00) Скопје – Седници на собраниската Комисија за европски прашања. (сала на Уставна комисија/ 10:00 и 14:00) Скопје – Седници на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00 и 13:00) Штип – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“. (населба Баби, Штип, локација: https://goo.gl/maps/45qMq6Cukvx6PraK8  / 12:00) Солун – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествува на регионална конференција посветена на европската перспектива на Западниот Балкан. (15:00, по завршување на дискусијата ќе следи прес-конференција на која изјави ќе имаат сите учесници на конференцијата/ 17:00) Скопје – Втор ден од конференцијата за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика” во организација на Министерството за надворешни работи на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. (х. „Хилтон“) Скопје – Институтот за европска политика организира дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година со Акциски план - До каде сме и што понатаму?“ (х. „Double Tree by Hilton“ и на платформата ZOOM/ 10:00, изјави за медиуми се предвидени пред почетокот на настанот/ 10:30) Скопје – Церемонија за доделување на „Награди од Европската Унија за истражувачко новинарство“ 2020 на Западен Балкан и Турција, на која ќе се обрати и ќе ги додели наградите, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир. (х. „Александар Палас“, тераса а ла карт/ 19:00) Скопје – Прес-конференција на Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби – Градско по повод изложба на дела од Петар Хаџи Бошков на локалитетот Стоби. (Музеј на современа уметност/ 11:00) Скопје – Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе присуствуваат на поставувањето на камен темелник на новата спортска сала во ООУ „Јашар Беј Шкупи“. (11:00) Скопје – Традиционална манифестација „Звуците на чаршијата“. („Куршумли ан“/ 20:00) Скопје – Премиера на новиот филм на Велимир Жерновски „Отаде: темна ѕвезда“, во рамки на изложбата „Допирот“, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, мултимедијален проект на кураторот Ана Франговска. (Мултимедијален центар „Мала станица“/ 20:00) Скопје – Во рамки на „Скопје филм фестивал класик“, ќе се одржи проекција на култната комедија на Слободан Шијан од 1980-та година – Кој тоа таму пее (Ко то тамо пева / Who Is Singing Over There). (летно кино „Мирно лето“, Кинотека/ 20:00) Скопје – Промоција на постхумно објавената збирка есеи: „Интелектуалци, политика, култура“ на скопската легенда Данило Коцевски. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:00) Скопје – Изложба на Марк Јанура „Микро универзум“. (ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“  спроти Гимназијата „Јосип Броз Тито“) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан