• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
18 мај 2021  Куманово - Претседателот Стево Пендаровски ќе прими вакцина против Ковид-19. (Пред вакцинален пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“/14:00, изјави за медиуми по завршување на вакцинацијата) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на  претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, ќе учествува на подготвителната седница во врска со поднесените иницијативи до Уставниот суд на Република Северна Македонија за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр. 08-1411/1 од 16 февруари 2020 година и Законот за јавното обвинителство (двата акти објавени во Службен весник на Република Македонија" бр.42/2020). (10:00) Скопје - Собранието  ќе ја одржи 41-та седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала „Борис Трајковски“/10:15) Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/10:30) Скопје - Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала 6/14:00) Скопје - На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ, министер за правда, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Горан Милевски, министер за локална самоуправа. (9:50 - изјава за медиуми на вицепремиерот Димитров и министерот Маричиќ на платото пред вакциналниот пункт/10:50)

Штип - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе ја прими првата доза вакцина против Ковид -19. (Вакцинален пункт, изјава за медиуми/9:45)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши, швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и Ана Таневска Ѓоргиевска, претседател на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија ќе присуствуваат на промоција на платформата за имплементација на „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) и протоколи за безбедно патување на Светскиот совет за туризам и патување.(Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Државната секретарка во МВР и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска ќе учествува на Онлајн Информативната сесија за сезонска работа. (https://us02web.zoom.us/j/84709530799?pwd=d3FDM2RPOUh5M2htMm1CTTRXVWh5dz09/13:00) Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан. (Покрив на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, поранешен Дом на градежници, ул.„Димитрие Чуповски„ бр.20-а/11:30) Скопје - Регионална Универзитетска школа за безбедност „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на Западен Балкан“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола. (х.„Александар Палас“/12:00) Скопје - Панел дискусија на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ во организацијана ЦИВИЛ. (х. „Парк Резиденс“, зад Градскиот стадион, видео канал и Фејсбук страница на ЦИВИЛ/13:00)  Скопје - Одбележување 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ на кое ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин, в.д. амбасадорката на РС Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. (Платформа ZOOM/13:00) Скопје - Одбележувањето на 30-годишнината од постоењето и работата на Фондациите Отворено Општество (ФОО) на Балканот. (Платформа ZOOM, фејсбук страна на ФОО/16:00) Скопје - Советување „Иднината на музеите: Закрепнување и реинтерпретација“ во организација на ИКОМ по повод 18 Мај - Меѓународен ден на музеите. (Платформа ЗУМ/11:00) Скопје - Отворање на изложбата цртежи од ликовниот уметник Росица Лазеска. (ЈУ КИЦ, изложбен салон Империјал 1/19:00) Скопје - Отворање на изложбата „На Срем“. (Музеј на Република Северна Македонија/12:00) Скопје - Отворање на изложбата „Нови правила“ на косовската авторка Заке Прелвукај. (Чифте амам/14:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Остани поврзан