3 јуни 2022
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)
Охрид - Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде домаќин на 18. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа - КОСАП, во рамките на нашето претседавање со Конференцијата. (Hotel Unique Resort-Spa)
Гостивар - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Абдулменаф Беџети ќе се обратат на дводневниот Саем за вработување и кариера. (Младинскиот Ресурсен центар I Can,ул. ЈНА бб/9:30)
Скопје - Научно-стручната работилница на тема „Етаблирање на Innocence Projects и правните клиники како позитивни модели за подобрување на пристапот до правдата во Северна Македонија“, во организација на Здружението на судиите на Република Северна Македонија. (Зграда на Апелационен суд ул.„Крсте Мисирков“ бр.1/ 9:30)
Скопје - Тркалезна маса на тема „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и ИФЦ. (Стопанска комора/10:00)
Гевгелија - Тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежа за рурален развој на Северна Македонија, во партнерство со Локалната акциска група Бојмија организира настан по повод завршување на првата заедничка акција во селото Ума. (Село Ума, Општина Гевгелија/12:00)
Скопје - Панел дискусија „Родовата интеграција во последните 20 години“ (Активност на Форумот на Жени на ДУИ) по повод одбележување на 20-годишнината на Демократската Унија за Интеграција. (х.„Хилтон“/17:00)
Скопје - Прес на Единствена Македонија. (Пред МВР/12:00)
Скопје - Здружението на Неврохирурзи на Република Северна Македонија ќе одржи тематски состанок „Новини во неврохирургијата“. (Објект „Камник“/11:30)
Скопје - Предавања на тема „Хируршки третман на ракот на дебелото црево' од страна на еминентни турски колоректални хирурзи. (Сала на КИЦ, 2 кат/8:30)
Скопје - Хуманитарна акција за собирање донации за студент/студентка кои не можат да си дозволат да се запишат на факултет поради финансиски причини воо организација на НВО Легис Скопје. (Пред Платото на Стоковна Куќа Мост ЈИЕУ/ 12:00)
Прилеп - Македонскиот народен театар го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. (Центарот за култура „Марко Цепенков“/19:30)
Скопје - Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе одржи средба со медиуми на која ќе биде промовирано четвртото издание на форумот „Златна рамка“, филмска ревија на македонската продукција. (Кафе МКЦ/11:00)
Скопје - Претседателот на Мак Брас Асоцијација, Александар Ниниќ ќе одржи прес-конференција по повод одржувањето на вториот фестивал „Скопски брас фестивал“ насловен како “Новите искуства имаат лимен звук”. (Филхармонија, соба Тромбони/11:00)
Скопје - Промоција на четвртата едукативна боенка и песнарка за животните во ЗОО Скопје, насловена „ЗОО АЗБУКА” 4. (Зоолошка градина/12:00)
Скопје - Изведба на форум театарската претстава „ОБРАЗОВАНИЕТО Е (ПРИ)СИЛА – ОБРАЗОВАНИЕТО Е (НЕ)МОЌ“ во организација на Детската амбасада Меѓаши – програма за Мировно образование. (Кино Милениум/17:30)
Скопје - Концерт „Musica Viva: Вокално студио“ на кој ќе настапат студентите од класата по вокално студио на ФМУ на доц. м-р Бисера Чадловска. (НУ Национална опера и балет, фоаје/20:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***