• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД
27 јануари 2022 

Белград - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе учествува на специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството „Агро Белград 2022“. (Саемот во Белград/11:00)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати ќе одржат прес-конференција. (Прес-конференција на македонски јазик Прес-конференција на албански јазик/12.00) Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе одржи брифинг со медиумите во врска со првичните сознанија за ефектите од воведувањето на мерката за забрана на пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во државава. (МЖСПП, 7 кат/11:30)  Скопје - Тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна - Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс,“ во организација на Советот на амбасадори. (Клуб на пратеници/10:00, пристигнување на медиумите/9:30) Скопје - Презентација на  студија/анализа „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“, што ја изработи Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт ( ФЕС ), канцеларија Скопје заедно со професорите​ Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски.(ССМ, сала на 6 кат/11:00) Скопје - Институт за економски истражувања и политики Finance Think  ќе одржи работилница за економски анализи „Анализа и интерпретација на податоци и наоди'' наменета за економски новинари.(х.„Мериот“/10:00) Скопје - Онлајн прес-конференција на која ќе бидат сублимирани активностите реализирани во рамки на Кампањата за интегритет која е дел од проектот за „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија“. (https://bit.ly/3tRJS9B/12:00) Скопје - Одделот за едукација и истражување на Холокаустот при ИДКНА – Скопје по повод 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот организира комеморативна академија на тема Сагата за преживеаните од Холокаустот –Тие ја предизвикаа смртта, го засадија животот“. (ИДКНА сала Вилсон/10:00) Скопје - Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе одржи онлајн јавна дискусија на тема „Најдобар интерес за децата-за и против носење маски и тестирања во училиштата. (https://us06web.zoom.us/j/89427790466?pwd=MGFVN2FDd2Y5ZFNTWThOb1B1TmNFUT09/18:00) Скопје - Свечена светосавска академија по повод националниот празник на Србите, денот на српскиот просветител Свети Сава. (Македонски народен театар/19:00) Скопје - Онлајн изложба на фотографии „Планина” на уметникот Димитар Апостолов. (https://fb.me/e/1gAMGkSse) Париз - Концерт на македонскиот пијанист Симон Трпчески и виолинистот Максим Венгеров. ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан