• петок, 19 јули 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД
5 ноември 2022  Битола - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост по повод јубилејот 40 години РЕК Битола (Народен театар / 12:00) Прилеп - Премиерот Димитар Ковачевски придружен од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми ќе направи увид на градежни работи на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар (Кон Прилеп на 100 метри на проширување на патот / 14:00)Кавадарци - Премиерот Димитар Ковачевски ќе ги посети  млекарата „Млечен пат“ (15:30) и  семејната винарија Јаковлевски (16:20) Скопје - Саем под слоганот „Саем на промените што носат иднина!" по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците кои победија на последните локални избори, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. (х.„Холидеј ин“ / 11:00) Битола - Културниот и информативен центар Битола организира отворен ден во чест на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. (Офицерски дом Битола / 9:00-21:00) Скопје - Тимот на Fashion Revolution Macedonia организира настан со повеќе активности - размена на облека, работилница за редизајн на облека, цртање на чевли, презентација на биоразградлив производ и проекции на кратки филмови. („Platform 0.10“ бул. „Партизански одреди“ 17/4 / 13:00; Изјави за медиуми / 12:30) Скопје - Култренинг/Работилница за кореографија и танц со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески во организација на Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.(МКЦ,  кино „Фросина“ /13:00) Витербо - Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на  25. фестивал „Quartieri dell'Arte“ во Италија. (Teatro dell’Unione во Витербо) Скопје - Изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“. (Национална опера и балет / 20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***   

Остани поврзан