• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
27 август 2022 

Скопје -  Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи прес - конференција во форма на отчет пред медиумите и јавноста за активностите во првите две години од мандатот. (МНР/10:30, пристигнување на медиумите/10:20)

Охрид - Регионална конференција Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим  и невладината Маршал Центар од Република Македонија. (х.„Метропол“/9:00) Скопје - Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН организира традиционалното чествување со панихида и полагање цвеќе на Споменикот на ранетите и починатите Македонци и Грци - борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година. (Пред Споменикот во Катлановска бања/9:30, тргнување - такси паркинг спроти хотел „Холидеј Ин"/8:00) Струга - Издавачката куќа „Готен“ организира претставување и разговор со хрватската писателка Ена Катарина Халер на Струшките вечери на поезијата.  (х.„Дрим“, конференциска сала/14:30) Скопје - Промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. (Кафе-книжарница „Буква“/20:00) Скопје - Седмо издание на регионалниот книжевен фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА, под слоганот „Нова писменост“. (МКЦ-Скопје)  _______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан