• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД
4 март 2022  Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја почнува дводневната официјална посета на Косово. Париз - Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми, ќе учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ (КОСАК). Брисел - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел. Кичево - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на настан кој е дел од дијалогот помеѓу МОН и другите надлежни институции во областа на образованието со градоначалници и претставници на локалните самоуправи, бизнис секторот, претставници на средните стручни училишта и меѓународни организации, а во насока на креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. (х.„Арабела“, изјави за медиуми/13:00) Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Милева Ѓуровска ќе се обратат на дебатата на тема „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: европски практики и национални можности“, во организација на Европското движење. (https://us02web.zoom.us/j/86926447590pwd=OGtPV005NmNpeU42UG5nd2NvdWd1QT09/9:30) Скопје - Отворање на самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски Чауш. (МАНУ, ликовен салон/20:00) Скопје - Почнува Скопскиот моден фестивал. (Скопје Сити Мол/19:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан