• сабота, 31 август 2024
МИА Најави МКД
24 март 2021  Велес - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи, и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министрите за економија Крешник Бектеши, и за локална самоуправа Горан Милевски, на промоција на инвестиции на компанијата „Брако“, како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини. (Фабрика „Брако“, Раштански пат 2/11:00, изјави за медиуми на премиерот Заев и Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако“/11:25) Брисел - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.

Ресен - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во посета на општина Ресен  каде ќе изврши увид во изградбата на инфраструктурни проекти во оштината. (изјави за медиуми пред зградата на општина Ресен/11:00) 

Кавадарци - Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев ќе извршат увид во градежни работи за изградба на спортска сала во ОУ „Страшо Пинџур“. (Изјави за медиуми/11:15) Скопје - Дебата „Со кои предизвици се среќаваат жените на позиции на донесувачи на одлуки во општините?“, во рамки на кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки, која е дел од проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Униј. (https://us02web.zoom.us/j/8908865299/12:30) Скопје - Претставување на мобилната апликација HealthBuddy и панел дискусија на тема „Дезинформации и КОВИД-19“ во организација на УНИЦЕФ. (https://unicef.zoom.us/webinar/register/WN_JEk0J2KRSSikFvf_pBmKuw и на https://fb.me/e/14fDEv4U4/10:00) Скопје - Раководителот на Секторот за работи на градоначалникот, Александар Ѓорѓиевски и менаџерот за енергетски проекти на Општина Аеродром, Димитар Громбановски ќе одржат брифинг на кој ќе ги презентираат плановите за енергетска ефикасност на Општина Аеродром. (Општина Аеродром, сала на совет, 3 кат/12:00) Скопје - Општина Чаир и компанијата Зегин ќе донираат заштитни маски визер наменети за учениците на основните училишта на територија на Општина Чаир. (Пред административната зграда на Општина Чаир/11:00) Скопје -  Акција посветена на дефицитот на матични лекари во Поликлиника Шуто Оризари во организација на Здружението ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, Национален Ромски Центар и Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.ред Поликлиниката во Шуто Оризари/11:00) Скопје - Онлајн работилница за волонтерство во организација на Граѓанскиот ресурсен центар. (10:00) Скопје - Рецитал „Клавишите на Арда“ на кој ќе настапи македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу. (Филхармонија, камерна сала/19:00) ______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан