• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави - МКД
8 август 2022 Тетово/Прилеп - Одбележување 21 година од загинувањето на десет припадници на Армијата кај месноста Карпалак. - Во 09:00 часот, делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ ќе положи венец пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. - Во 13:00 часот, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија ќе положи венец пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. Скопје - Агенцијата за млади и спорт организира неформално дружење по повод стартот на неделата на младите и Процесот на креирање на нова Национална Стратегија на млади, со поддршка од постојаната мисија на ОБСЕ во Скопје  и УНДП. Обраќања ќе имаат директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ, Џефри Голдшатјн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. (Casa Bar/10:00) Скопје – Прес-конференција по повод најновото издание на Интернационалниот фестивал со филмска камера „Браќа Манаки“. (Хотел „Парк“/11:00) Охрид – Отворање на изложбата „Четири елементи“ од академик Газанфер Бајрам. („Куќа на Уранија“/20:00) _______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан