• среда, 02 октомври 2024
МИА Најави МКД
12 октомври 2022  Скопје –  Седница број 148 на Законодавно-правна комисија. (Собрание на Република Северна Македонија, сала 4/ 13:00) Скопје –  Седница број 147 на Законодавно-правна комисија. (Собрание на Република Северна Македонија, сала 4/13:15) Струга - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. („Магна Мирорс“ /11:00) Штип - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта, Костадин Ацевски, ќе дадат изјави на патен правец тразнит Штип. (во близина на бензинска станица Лукоил/11:00)  Прага - Министерот за економија Крешник Бектеши ја продолжува посетата на Прага, Република Чашка каде што ќе присуствува на Неформален состанок на Советот за енергетика на Европската унија кој е организиран од чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Скопје – Тркалезна маса на тема „Стандарди на интегритетот во јавниот сектор според Конвенцијата на Обединетите нации против корупција“, во организација на Министерството за правда и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (хотел Александар Палас/9:00)

Скопје - Презентација на наодите од последното истражување во областа на образованието, направено во рамки на проектот „Подготвеноста на основните училишта за спроведувањето и ефектите од реализацијата на наставните програми од Концепцијата за основно образование”, поддржан од Фондација отворено општество. (Еurope House/10:45)

Скопје -  Тркалезна маса со наслов „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“, во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија. (зграда на ССМ, ул. Мирче Ацев бр. 4, УМТ, кат 3, Амф. 301/10:30)

Охрид - Четврт меѓународен симпозиум за земјоделство и храна-ИСАФ 2022 во организација на Факултетот за земјоделски науки храна-Скопје. (Хотел Метропол) Дојран - Меѓународна научна конференција „75 години јубилеј на Институтот за Историја на уметноста и археологија“ во организација на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Хотел Ла Тераца)

Охрид - Отворање на Младински Центар Охрид. (Касарна Охрид, влез 1, кат 1/13:00,изјави за медиуми/13:45) 

Скопје - Саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“. (Ист Гејт Мол/10:00-22:00)
Скопје -  Ккултурно-едукативен настан на тема „Создаваме град, градиме иднина!“ во организација на Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје. (КСП Центар Јадро/20:00)
Скопје - Концерт на оркестарот на Филхармонија насловен „Далга“ (Филхармонија/20:00)
Скопје - Одбележување 85 години од раѓањето и 65 години творечка дејност на писателот Јован Павловски, во организација на Институтот за македонска литература (простории на Институтот/12:00)
  ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан