12 април 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 68. седница. (Голема сала/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Подгорица - Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.
Скопје - Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе му предаде донација во опрема и возила во вредност од 675.000 евра за потребите на Граничната полиција на МВР. (Во кругот на МВР/11:00, предвидени се изјави за медиумите)
Скопје - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, Рафаеле де Лутио од „Федералиментаре“, италијанска институција за промоција на храна и пијалоци и директорот за истражување во центарот КРЕА, Андреа Гисели ќе се обратат на конференцијата „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“, во организација на Едукативниот центар М6, Италијанската амбасада и Италијанската трговска агенција Скопје. (Едукативен центар М6 и https://m6.edu.mk/registration-page/?event=2754н/11:00)
Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески ќе одржи работна средба со претседателите и потпретседателите на Регионалните комори при Стопанската комора. (Стопанска комора, 5-ти кат, 5/12:00, изјави за медиуми/11:50)
Скопје - Амбасадата на Република Словенија и НЛБ Банка организираат настан за официјално вклучување на Параолимпискиот комитет на Република Северна Македонија во регионалната кошаркарска лига"NLB WHEEL". (Простории на НЛБ Банка, Мајка Тереза 1/10:00, изјава за медиуми/11:15)
Скопје - Изложба на 30 фотографии од македонски фотографи Дејан Гилевски, Раде Луковиќ, Зоран Вељановски Летра, Кирил Штрков, Владимир Арсовски, Цветан Гавровски, Дејан Колевски и Боро Рудиќ. (Рудиќ Галерија/19:30)
Скопје - Концерт насловен „Шест раце за шест премиери“ на пијано триото „Триптих“. (Музеј на македонската борба/20:00)
Скопје - КК МЗТ Скопје Аеродром ќе одржи прес-конференција. (СЦ „Јане Сандански“/11:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***