• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
24 март 2022  Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ги одржи 54, 57, 61 и 64 седница. (Голема сала/12:00/12:10/12:20/12:30) Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/14:00) Скопје - Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски'/12:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи работна средба со косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервела-Шварц. (Сала на Уставна комисија/10:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Кристална сала/11:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети реновираниот објект на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) – познат како „Шеста управа“. (ул. „Тодор Александров“ 32 /10:30, изјави за медиуми по посетата)
Кавадарци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе оствари средба со градоначалникот и земјоделци од Општина Росоман. (Во поле во близина на објект „Kире Шошев“ - Ладилник, пристигнување на новинарите пред објект „Кире Шошев“ - Ладилник /12:15,изјави за медиуми /12:30)
Скопје - Меѓународна конференција на тема „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во организација на Здружението на судиите на Република Северна Македонија во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и CEELI Институтот во Прага. (х.„Александар Палас“ /10:00)
Скопје - Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе одржи презентација ЕБОР Извештај за транзицијата 2021-2022 година. (х.„Александар Палас“, конгресна сала /10:00)

Скопје - Институтот за човекови права ќе одржи онлајн конференција во рамки на проектот „Пристапот заснован на човекови права за време на Ковид-19 кризата“ поддржан од Балканскиот труст за демократија, Германскиот Маршалов Фонд на САД и УСАИД. (https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIkf-ysqDgpHtZNOuYvEOwjkfinmXf0DCcn /11:00)

Скопје - Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ќе одржи прес-конференција. ред Влада, кај Споменикот на паднатите борци на НОБ /11:00)
Тетово - Дирекцијата за заштита и спасување ќе одржи вежба „Спасување од Лавина 2022“. (Попова Шапка /10:00) Скопје - Форумот за образовни промени (ФОП) ќе одржи прес-конференција. (Млади Хаб/10:00) Белград - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам во Белград.
Скопје - Онлајн настан на Цивил „Еден месец руска агресија врз Украина“.
(https://www.facebook.com/events/1098730094035537/?ti=ls, https://civilmedia.mk/vo-fokusot-na-tsivil-eden-mesets-ruska-agresija-vo-ukraina/ 12:30)
Скопје - Панел-дискусија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“. (Амфитеатар 1 на УАКС/ 13:15 -15:00)
Скопје - Црвен крст на Северна Македонија организира свечен настан по повод Денот на крводарителство на РСМ. (х. DoubleTree by Hilton /13:00)
Скопје - Промоција на книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од авторката Марија Костадиновска. (Скопје Сити Мол, книжарница Литература.мк /18:30)
Скопје - Отворање на Неделата на франкофонскиот филм со проекцијата на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“ на режисер Емануел Муре. (Кинотеката на Македонија /20:00)
Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар1961. (СЦ „Јане Сандански“, сала за видео проекции/12:00)
Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. (20:00)
_________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 

Тагови

Остани поврзан