• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави-МКД
18 август 2021  Скопје - Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе се обратат на свеченоста по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија. (Плато пред МО и ГШ на АРМ/10:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона - Скопје 2. (ТИРЗ Скопје 2, Линк до локацијата /13:00) Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ќе одржат прес-конференција на која ќе го презентираат јавниот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. (Простории на ФИТР, https://us02web.zoom.us/j/86746868614/11:00)

Крушево -  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди ќе остварат работна посета на општина Крушево и со градоначалникот Томе Христовски ќе извршат увид во реконструкција на локални улици и на проектот Транзит Крушево. (Изјави за медиуми на главната транзитна улица која ги поврзува регионалните патни правци со Прилеп и Битола/13:30)

Скопје - Отворен ден на УКИМ во организација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. (Онлајн преку платформата Microsoft Teams) Скопје - Директорот на Институтот за стандардизација Џеват Кицара и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу ќе потпишат Договор со кој се регулира дарување компјутери и друга опрема за ООУ „Хасан Приштина“. (Министерство за економија, сала на први кат/12:30) Скопје - Свечено врачување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. (Плато пред МКЦ/20:30) Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски заедно со организаторите на традиционалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој годинава ќе се одржи по 45-ти пат. (Простории на Агенцијата за млади и спорт, осми кат/12:00) Скопје - Ракометниот клуб Ѓорче Петров-ЖРК Скопје ќе одржи прес-конференција. (Ресторан „Камин кама“, пред надвозникот кон Даме Груев од лева страна/10:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Тагови

Остани поврзан