• вторник, 24 февруари 2026

МИА Најави-МКД (ДПЛ)

МИА Најави-МКД (ДПЛ)

24 февруари 2026

Скопје - Две седници на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/11:00 и 11:05)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:15)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. (Прес сала на Собранието/10:45)

Киев - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали во официјална посета на Украина.

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство, Азир Алиу. (Медија центар во Влада/13:00)

Скопје - Промотивен настан на тема „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, на кој воведни обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Комората Бранко Азески. (простории на Стопанска комора сала 4/10:30)

Штип - Изјава на министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на Јавната дебата за новиот предлог Закон за високо образование (Универзитет „Гоце Делчев“ Штип/18:00) 

Куманово - Изјави на министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Центар за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ по увидот на ИПА проектот „Урбано зеленило за здраво дишење”, од Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија по приоритет 1 „Позелен пограничен регион”. (СОУ „Перо Наков“/11.30)

Скопје - Меѓународно училиште НОВА Скопје во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Северна Македонија и Институтот „Конфучие“ ќе биде домаќин на настанот насловен како „Кинески Пролетен фестивал“. (Меѓународно училиште НОВА Скопје/9:00) 

Скопје - Комеморација во организација на Амбасадата на Украина во Скопје, посветена на четиригодишнината од почетокот на руската воена инвазија на Украина. (Католичка црква/14:00) 

Скопје - Меѓународна онлајн конференција „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот, која ќе обедини аналитичари, новинари, дипломати, носители на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. (17:00)

Скопје - Прес-конференција на СДСМ на којшто ќе се обрати генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ. (Седиште на СДСМ/10:30)

Скопје - Интерактивна изложба на дигитална уметност од Драшко Накиќ „Момент на пресврт“. (Центар Јадро/19:30)

Битола - Отворање на концертната сезона на НУ Камерен Оркестар на Битола со Вечер на романтични балади (Офицерски дом /20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан