23 јуни 2022
Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/10:00)
Скопје – Работна средба со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија и Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/ 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала Борис Трајковски/11:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф и постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан на прес конференција ќе ги презентираат резултатите од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, што во изминатите три години го спроведе Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи. (х. Александар Палас/11:00)
Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27), која ќе ја одржи четвртата сесија на тема „Заштита на природата преку одржливо управување со шумите“, во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/ 9:30 – 13:30)
Тетово - Прес-конференција на претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. (седиште на партијата/13:00)
Скопје – Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“’ (УКИМ) – Одделението во Кочани и опитните полиња ќе ги презентира реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени. (УКИМ, Земјоделски институт/ 11:00)
Скопје – Прес-конференција за состојбата на пазарот за недвижности за 2021 и очекувањата и прогнозите за 2022 година од станбен, комерцијален, зони и малопродажни центри, во организација на ФОРТОН МКА / Cushman & Wakefield. (х. „Хилтон“, сала Платиниум/ 11:00)
Скопје - Регионална конференција „КОВИД-19 Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалци и мигранти во Западен Балкан” во организација на НВО Легис. (х. „Хилтон“/10:30, изјави за медиуми/10:00)
Скопје – Полио -движење против хендикеп во соработка со Град Скопје организира работилница за општинската администрација и претставници на јавните претпријатија. (МКЦ НВО Центар/ 9:00, изјави за медиумите/ 11:40 – 12:00)
Скопје – Институтот за национална историја ќе ги промовира најновото издание на меѓународното научно списание „Гласник на Ини“ (двоброј за 2021 г.) и Зборникот на трудови од Меѓународниот научен симпозиум одржан по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја – Скопје „Балканската историографија и современите предизвици“. (пред влез на Институтот за национална историја/ 11:00 и 11:30)
Скопје – Шесто издание на Статуафест - Другото лице на улицата - Танго на улица. (Сквер Јадран/ 18:30)
Скопје – Прес-конференција на Карате Федерацијата по повод освоениот бронзен медал во категоријата јуниори до 68 кг. на Љупчо Михајлов на 49-то Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка. (Простории на МОК, бул. „АСНОМ“ бр. 1, СЦ „Јане Сандански“/ 11:00)
________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***