• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
12 февруари 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/10:00) Скопје - Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници 41, 40 и 45 седница. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 6/12:30) Сараево - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи во работна посета на Босна и Херцеговина. Прилеп - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски ќе остварат средба со стопанственици од Пелагонискиот регион. (Изјави за медиуми пред зградата на Општина Прилеп/13:00, пристигнување на медиумите/12:45) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе потпише колективен  договор со претставници на вработените во Министерството. (Сала на МЗШВ/13:00, изјави за медиумите по потпишувањето на колективниот договор) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 46-тата седница. (https://zoom.us/j/99571876374?pwd=REJiOGcyRVdrcXhxanV4bDJGOGxkQT09/10:00) Скопје - Онлајн SMecoMP завршна конференција „Управување со животната средина и еко-иновација: Главни алатки за раст на МСП и придонес кон животната средина“ во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништво. (https://zoom.us/j/96035621129/9:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ќе одржи прес конференција во врска со Деталниот урбанистички план Градска четврт И 01 Маџир Маало 1, усвоен на последната, 60. седница на Советот на Општина Центар. (Салата за состаноци на Советот на Општина Центар (барака бр.6)/12:30) Гостивар - Градоначалникот Арбен Таравари ќе оствари средба со двајцата млади скијачи од Гостивар кои ќе учествуваат на меѓународни натпревари во скијање. (Кабинет на градоначалникот/10:00) Куманово - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски ќе ја посети општина Куманово. (Изјава за медиуми на Плоштадот во Куманово/12:40) Скопје - Граѓанската иницијатива Аваја ќе одржи прес-конференција со што ќе ја најави својата кампања “Горди Роми“. (х.„Турист“ (Best Western) ул. „Ѓуро Стругар“/10:30 -прес-коференцијата ќе биде пренесувана во живо на фејсбук-страницата на „Аваја“) Скопје - Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов од Левица во врска со предлогот на движењето Беса, етничката припадност да влезе во личните карти. (Собрание на РСМ, прес-сала/11:30) Скопје - Отворање на изложбата Вечното танго на љубовта. (Галерија „КО-РА“ голем салон во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“/19:00-21:00) Скопје - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски ќе го отвори ЛЕН-критериумско отворено национално првенство во пливање. (СЦ Борис Трајковски/17:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан