• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
9 април 2022  Скопје -  Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на Регионалната школа за безбедност 2022, насловена „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз регионалната безбедност“ во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел. (х. „Бест Вестерн“, ул.„Македонија“/10:00, пристигнување на медиумите/09:40) Скопје - Припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. (Амбасада на САД/09:00-12:00) Неготино - Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на 149 години од постоењето на македонски железници. (Мост пред Железничка станица во Неготино/12:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе го пушти во употреба новото специјализирано игралиште за кошарка. (ООУ „Св. Климент Охридски“, нас. Бутел/12:00, изјава за медиуми по завршување на настанот)
Скопје - Јавна дебата „Попис 2021: социјални, економски и политички импликации“ во организација на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери" и Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците. (Јавна соба, ул. „50 дивизија“/12:30-14:00)
Скопје - Конгрес на Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ. (х.„Александар Палас“, изјава за медиуми/14:00)
Скопје - Семинар на тема „Музејска едукација- музејски калеидоскоп“ во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија)
Скопје - „Џифони филмски денови“ (Giffoni Movie Days), наменета за ученици од скопските основни училишта. (Кинотека на Северна Македонија/10:00)
Скопје - Изложба „IDENTITETO“ од Даниел Петровски по повод Меѓународниот ден на Ромите.  (галерија КО-РА, нов салон сутерен во Дом на културата „Кочо Рацин/14:00)
Вашингтон - Онлајн дискусија на тема „Танцовите претстави во македонскиот фрескоживопис“. (https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZ0vfuyspz8rE9MxSJUGlLYDdfN5JeyT8cLt/19:00)
Куманово - Промоција на албумот на Sinking Photon – “City of Diluted Lights” под етикета на издавачката куќа Магна Мате. (Библиотека “Тане Георгиевски”/13:00)
Скопје - Концерт на Ансамблот „Меитар“ од Израел. (Музеј на македонската борба/20:00)
________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан