• понеделник, 26 август 2024
МИА Најави МКД
17 март 2022  Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје -  Одбележување на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. (Министерство за надворешни работи) -Интонирање на химните на двете држави (10:05) - Обраќање на министерот за надворешни работи, Бујар Османи (10:10) - Обраќање на амбасадорот на Словенија, Милан Предан (10:15) - Видео обраќање на министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар (10:20) - Настап на хорот Франце Прешерн (10:25) Скопје - Свечено „Засадување на најстарата винова лоза на свет“ во организација на Амбасадата на Република Словенија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Земјоделскиот институт-Скопје. (Земјоделски институт, ул.„16-та Македонска бригада“ бр.3А/13:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи тркалезна маса на тема: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“. (Влада на РСМ, конференциска свечена сала/12:00, https://us02web.zoom.us/j/87329546088pwd=Wk8vSkttSmNCNGdJaWE5WGRXOVdBdz09) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков . (СОНК, ул.„Маџир Маало“ бр. 36/11:00)     Скопје - Прес-конференција на Платформата за одржливост на услугите за превенција и поддршка за  ХИВ. (Пред зградата на Министерство за здравство/11:00) Скопје - Одбележување на 77-годишнината од основањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и 27 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на  друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. (хотел Limak Skopje Luxury/10:30) Скопје - Теренска активност со пет Општински организации на Црвен крст по повод одбележување на 17 март- Ден на основање на Црвен Крст на РСМ и Ден на крводарителство во РСМ во организација на Црвен крст на Град Скопје. (ТЦ Ист гејт, ТЦ Сити мол, Стара чаршија, ТЦ Капитол и Плоштад Македонија/12:00) Скопје - „Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо. (Филхармонија, камерна сала/13:00) Скопје - Промоција на книгата „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер. (ТЦ Skopje City Mall, книжарница „Literatura.mk Superstore“/19:00) Скопје - Премиерна изведба на дела од Перт, Ротару и Ахо во рамки на концертот насловен „Сеќавање на Б.Б.“. (Филхармонија/ 20:00) _______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан