• среда, 27 ноември 2024

МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба

МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Проблемот со  компримираниот воздух е надминат и сервисирањето е успешно завршено, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА.

- Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, нагласуваат од Министерството за здравство. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан