МЗТ Скопје поразен на гостувањето во Љубљана
- Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден пораз во пресметките со тимовите од „големата четворка“ во регионалната АБА-лига.

Љубљана, 29 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден пораз во пресметките со тимовите од „големата четворка“ во регионалната АБА-лига.
„Сино-белите“ вечерва загубија на гостувањето кај Цедевита Олимпија со 93:73.
Страхиња Миќовиќ со 25 поени и седум скока беше најдобар во македонскиот тим, двоцифрен поентерски учинок имаа уште и Војдан Стојановски со 11 и Бре Ајви со 10 поени.
МЗТ Скопје по пет натпревари има едн апобеда и четири порази, но и многу тежок распоред во почетните пет кола. Следуваат средби со екипи на кои аеродромци ќе можат да се надеваат на поуспешни резултати.
Следен противник на МЗТе тимот на Морнар, на 4 ноември во салата „Јане Сандански“. зс/