• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Меџити изврши увид на изградбата на речното корито на водотекот во липковското село Оризари

Меџити изврши увид на изградбата на речното корито на водотекот во липковското село Оризари

Куманово, 16 април 2025 (МИА) - Почна изградбата на речното корито на водотекот во липковското село Оризари. Првиот заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во активностите за изградба на речното корито на водотекот „Голем дол“ во село Оризари.

Проектот вклучува и изградба на потпорни ѕидови кои овозможуваат дополнителна заштита за спречување на поплави и излевање на водата во коритото.

- Станува збор за проект вреден 15 милиони денари, целосно финансиран од Министерството за животна средина со вкупна должина од 830 метри, изјави вицепремиерот Меџити.

Висината на ѕидовите кои ќе бидат обложени со камен, ќе изнесува 1,4 метри што дополнително спречува поплави, подобро управување со водите.

- Инвестицијата е дел од програмата на Министерството за животна средина за инвестиции во секоја општина, при што единствен критериум е бројот на жители, а не како досега или порано врз основа на партиска припадност на градоначалникот или други дискриминаторски критериуми, изјави Меџити.

Во однос на депонијата во близина на село Никуштак, Липковско, за која со години алармираат граѓаните, вицепремиерот Меџити рече дека ќе има задоцнување и нагласи дека со средства од Министерството за животна средина ќе се реши депонијата.

Одговарајќи на новинарско прашљање за случајот со Крива Река, Меџити истакна дека се чека на резултатите од анализите.

- Изречена е казна, но ги чекаме последните анализи за конечна одлука, изјави Меџити. ам/цр


Фото: МИА

 

Остани поврзан