• петок, 05 декември 2025

Меља од ВРЕДИ вети целосна трансформација на општината, за благодат на сите дебрани

Меља од ВРЕДИ вети целосна трансформација на општината, за благодат на сите дебрани

Дебар, 14 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Дебар, од Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН), Фисник Меља, на вечерашниот централен изборен митинг, вети целосна трансформација на општината, во интерес и благодат на сите нејзини жители.

- Со отворено срце и искрена и чиста душа, најавувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани, независно од партиска или која било припадност. Секогаш ќе имаат отворена врата за да ги кажат своите маки но и успеси. Ќе реализираме многу проекти, со поддршка на централната власт, иселениците, за да економски го развиеме Дебар, кој изобилува со многу природни богатства и убави, но во изминатиот период не е сторено речиси ништо, порача меѓу другото Меља во своето обраќање.

Од многуте проекти, приоритет рече, е дигитализација на општинската администрација, изградба на Центар за лица со посебни потреби, реконструкција и проширување на патот кон граничниот премин „Блато“, изградба на хлорни станици во сите села, со цел жителите на имаат чиста вода за пиење, надминување на проблемот со водата за пиење, подобра патна инфраструктура во селските населени места.

Пред дебрани на митингот се обрати и Зеќирија Ибраими, кој покрај другото најави брзо воведување на системот One-stop-shop на граничниот премин „Блато“, каде континуирано расте бројот на патници кои минуваат на двете страни.

- Да му одговорам на Арбр Адеми кој денеска на прес-конференција ме обвини дека заедно со премиерот Христијан Мицковски, сум бил во село Љуботен, на почетокот на работите за изградба на водоводот во селото, дека наводно сме го заборавиле Љуботен итн. Вистина е дека бев во Љуботен за да им кажеме на жителите дека владата а ВРЕДИ, додели 2 милиони евра за водоводот. Го прашувам колку евра му даде владата на Арбр Адеми, кога беше дел од неа, на Љуботен, која и најмала работа ја направиле за Љуботен. Ќе го прашам уште нешто. Каква беше реакцијата на Арбр Адеми кога тогашниот министер за правда од ДУИ даде 5 милиони евра за одбраната на Тарчуловски, еден воен злосторник, во Хаг, посочи меѓу другото тој.

Повикувајќи ги дебрани масовно да го поддржат Меља тој вети целосна поддршка од централната власт за реализација на проектите за подобри услови и живот на жителите на оваа општина.

Носителот на кандидатската листа за советници Африм Кркути, најави пренос во живот на седниците на Советот.

- Ќе реализираме нешто што до сега никој не го реализира. Тоа е директен пренос на седниците на Советот на општината, за да граѓаните знаат што и како работат нивните избраници. Ќе направиме советот да биде отворен и транспарентен, со донесува одлуки за благодат на жителите на општината, рече меѓу другото Кркути.

Кандидатот на ВРЕДИ, Меља на локалните избори е поддржан од ВМРО–ДПМНЕ, партија која на изборите учествува само со своја кандидатска листа. вт/ир/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан