• вторник, 23 јули 2024

Металург одигра нерешено против Фајверс 

Металург одигра нерешено против Фајверс 
Скопје, 22 декември 2020 (МИА) - Металург го освои првиот бод во групната фаза во ракометната Лига Европа, откако по двата стартни порази, вечерва во драматичен натпревар во Скопје одигра нерешено 33:33 (16:19) против Фајверс. Македонскиот тим постојано беше во резултатска негатива во првиот дел и на пауза замина со негатива од три голови разлика. Второто полувреме донесе поинаква слика на теренот и Металург со серија од 8:3 го сврте резултатот во своја корист за водство од 25:22 на 15-ина минути до крајот. Уследи нова криза во редовите на тимот од Автокоманда што австрискиот тим ја искористи за да го врати водството и мечот влезе во неизвесна завршница во која Металург со два гола во последните минути ја анулираше предноста на Фајверс за конечни 33:33. Најефикасни во редовите на Металург беа Златко Хорват со осум и Мартин Серафимов со седум голови. Шансата за прва победа во А-групата, Металург ќе ја бара на натпреварот од 4. коло против Тулуз, на 6 февруари во Скопје. ег/сп/

Остани поврзан