Меси го освои 46. трофеј во кариерата
- Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“.
Колумбос, 3 октомври 2024 (МИА) - Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“.
Ноќеска на гостински терен, Интер Мајами го победи Колумбус Кру со 3:2 и ја обезбеди првата позиција на Истокот, со оглед на разликата од недостижни 11 бода во однос најблиските конкуренти на два меча пред крајот на регуларнито дел од сезоната во американската фудбалска лига.
Минатата година 37-годишниот Аргентинец го освои Лига купот со Интер Мајами.
Меси претходно играше и за ПСЖ со кој двапати го освои францускиот шампионат и го освои Суперкупот на Франција и за Барселона со која освои 34 трофеи.
Со Аргентина, Меси ги освои Светското првенство (2022), Копа Америка (2021, 2024), Финалисима (2022), Олимписките игри (2008) и Светското младинско првенство (2005). зс/
Фото: ЕПА