Мерцедес нема да избрзува со одлуката за заменикот на Хамилтон
- Трикратниот светски шампион има договор со неговиот актуелен тим Ред Бул до крајот на 2028 година. Сепак, последните информации од боксот се дека тој би можел да се раздели со „биковите“ доколку Кристијан Хорнер остане на чело на тимот.
Бракли, 4 март 2024 (МИА) - Директорот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, повтори дека тимот нема да брза со одлуката за замената на Луис Хамилтон за сезоната 2025 во Формула 1. Коментарите на Австриецот доаѓаат поради шпекулациите во последните денови дека Макс Верстапен има интерес за позицијата во Мерцедес.
Трикратниот светски шампион има договор со неговиот актуелен тим Ред Бул до крајот на 2028 година. Сепак, последните информации од боксот се дека тој би можел да се раздели со „биковите“ доколку Кристијан Хорнер остане на чело на тимот.
Британецот се уште се соочува со обвиненија за секс скандалот, од кој наводно бил ослободен по внатрешната истрага.
-Нема да брзам со одлуката за пилотот. Работите се развија многу брзо со Луис. Така, овој пат ќе одвојам време и ќе го проценам пазарот правилно. Мислам дека секој возач ќе го избере побрзиот болид. Ова е основата на сè. Ред Бул е најбрзиот болид во моментов, па тоа ќе му биде приоритет, изјави Волф за Верстапен.дс
Фото: Фејсбук/Мерцедес