• сабота, 20 декември 2025

Меморандум за соработка меѓу Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет

Меморандум за соработка меѓу Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет денеска потпишаа Меморандум за соработка. Соработката предвидува на студентите од Меѓународниот балкански универзитет да им предаваат лекари кои работат во Санте Плус Групацијата, а, најдобрите студенти ќе имаат можност за вработување во некоја од болниците на Санте Плус, веднаш по дипломирањето.  

Како што соопштија од Санте Плус Групацијата, овој чекор е во насока на општествените заложби, младите луѓе во државава да ги гледаат своите перспективи во родната земја.

Сопственикот на Санте Плус Групацијата во Македонија, Билал Кара во своето обраќање на настанот посочил дека со Меморандумот го отвораат патот за нова генерација лекари и медицински професионалци, обучени за новите генерациии на медицинските услуги.

- Да не ги испраќаме нашите пациенти и талентирани млади лекари во странство. Да ги донесеме глобалните стандарди тука, во Република Северна Македонија. Веќе го правиме тоа, со бенефит и за граѓаните и за младите луѓе, кои ја гледаат својата иднина во родната земја. Се договоривме, студентите од медицинската програма на Универзитетот, да имаат предавања од врвни, почитувани лекари од Санте Плус Групацијата, додаде Кара.

Оваа соработка, како што рече, отвора врата за најдобрите дипломирани студенти да зочнат со својата кариера веднаш по дипломирањето, преку вработување во некоја од болниците на Санте Плус Групацијата.

- Применуваме современа гинекологија и акушерство, со високо квалификуван медицински кадар и веќе постигнуваме меѓу најдобрите резултати за Ин Витро методот, во регионот, додаде тој. бт/бак/

Фото: Санте Плус Групација

 

 

Остани поврзан