• сабота, 23 ноември 2024

Меморандум за соработка меѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација - EYO

Меморандум за соработка меѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација - EYO
Гостивар, 23 април 2021 (МИА) - Општина Гостивар денеска потпиша меморандум за соработка во сферата на екологијата со Еколошката организација за млади - EYO. Според општинските власти, со овој меморандум ќе се обезбеди рамка во која ќе бидат опшфатени предлози и програми за соработка меѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација - EYO и се однесуваат на заштитата на животната средина, социјална инклузија на младите, подигање на свеста кај младите луѓе преку спроведување на активности за соработка и програми од областа на екологијата. - Се предвидува интеракција преку состаноци и конференции, чистење и одржување на јавни простории, засадењување на дрвја, цвеќиња, уредување на зелените површини и други активности во областа на заштитата на животната средина, наведуваат од Општина Гостивар. Во меморандумот е наведено дека взаемната соработка ќе се реализира во разни домени, а посебно внимание ќе се посвети на подигнување на свеста кај младите за заштита на природата и животната средина со дебати и предавања на експерти од оваа област.згм/фф/

Остани поврзан