• сабота, 23 ноември 2024

Мекена нема да го преземе Манчестер Јунајтед

Мекена нема да го преземе Манчестер Јунајтед

Манчестер, 27 мај 2024 (МИА) - Киеран Мекена нема да биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Шефот на Ипсвич беше поврзуван како можна замена за Ерик тен Хаг доколку тој добие отказ. Сепак, според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, тој ќе остане во својот сегашен клуб и во новата сезона.

Триесет и осум-годишниот фудбалер го привлече вниманието на себе откако го водеше Ипсвич до директна промоција во Премиер лигата. Тој беше поврзуван и со Челси, а го бараа и од Брајтон, но стручњакот реши да ја продолжи работата со „тракторите“.

Според информациите, Мекена е подготвен дури и да потпише нов долгорочен договор со Ипсвич. Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, но и клубот е задоволен со него и најверојатно наскоро ќе седне на преговарачка маса.

Инаку, Мекена е поранешен играч на Тотенхем, но никогаш не успеа да се пробие во првиот тим. Пред да застане на чело на Ипсвич, тој работеше во академијата на Спарс, потоа помина низ академијата на Манчестер Јунајтед, а во 2018 година беше помошник на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан