• петок, 27 декември 2024

МД „Илинден“ – Тирана го честиташе Денот на македонскиот јазик 

МД „Илинден“ – Тирана го честиташе Денот на македонскиот јазик 
Дебар, 5 мај 2022 (МИА) - По повод одбележувањето на 5 мај Денот на македонскиот јазик, македонското друштво „Илинден“ – Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. -Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, стои во честитката. Се нагласува и значењето на образованието на мајчин македонски јазик, бидејќи, како што стои во честитката, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. -Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, ним статус на малцинство им е признаено само во Мала Преспа, каде имаат право на образование на мајчин македонски јазик, наведува друштвото. Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале образование на мајчин македонски јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор. вт/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан