• четврток, 26 декември 2024

МД „Илинден“: За фолклорниот фестивал на Македонците нема пари од албанското Mинистерство за култура

МД „Илинден“: За фолклорниот фестивал на Македонците нема пари од албанското Mинистерство за култура
Тирана, 30 јануари 2021 (МИА) - Македонско друштво „Илинден“ - Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“. - Длабоко сме разочари и револтирани што Министертвото за култура на Албанија не го прифати проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“ предложен од наша страна. Од име на Македонците остро реагираме за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура зашто сметаме дека треба да добиеме финансиска поддршка од државата за реализирање на проекти, стои во реакцијата на друштвото. Се напоменува дека Македонците се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но, како што велат, „пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема“. Посебно се посочува дека Друштвото на конкурсот уредно аплицирало со споменатиот проектот што е исклучително значаен за македонската заедница во Албанија, но, како што се наведува, „за жал за негово одржување нема пари“. -Македонците кои живеат во Албанија имаат потреба од финансиска поддршка на проекти од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на нивните традиции. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија, констатира во реакцијата МД „Илинден“, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.вт/мд/

Остани поврзан