• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Санкционирани возачи што вршеле превоз без лиценца или со несоодветна документација

МВР: Санкционирани возачи што вршеле превоз без лиценца или со несоодветна документација

Скопје, 7 август 2024 (МИА) – На наплатната станица Глумово денеска се запрени две товарни возила кои превезувале стока без соодветна документација или немале соодветна лиценца за вршење превоз.

Како што информира МВР, Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово денеска запре товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар. 

-Од извршената контрола, утврдено е дека тој превезува огревно дрво со соодветна документација, но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За тоа е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра, соопшти МВР.

На наплатната станица Глумово, денеска е запрено и товарно моторно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино, а управувано од Ш.Љ. од Тетово. 

-Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра, посочи МВР. вј/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан