• среда, 25 декември 2024

МВР во соработка со Пошта да овозможи доставување на личните документи на граѓаните до домовите, предлог на Европскиот сојуз за промени

МВР во соработка со Пошта да овозможи доставување на личните документи на граѓаните до домовите, предлог на Европскиот сојуз за промени

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Коалицијата на албанскиот опозициски блок - Европски сојуз за промени денеска побара МВР во соработка со Пошта на Северна Македонија да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите.

Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.

-Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право. За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас, рече Имери. ра/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан