• понеделник, 23 декември 2024

МВР блитен

МВР блитен

Скопје, 23 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 1:00 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети „екстази“. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 2:00 часот на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.З.(40) од кумановско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 1:20 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Н.И.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава  во 2:20 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Д.Ј.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир извршија службен разговор со Р.О.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Имено, на 18.07.2023 околу 17:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, пријавениот  одзел таблет и мобилен телефон од едно лице. Предметите биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

На Граничниот премин Ќафасан вчера во 11:30 часот бил лишен од слобода Е.Л.(35) од Р.Албанија, поради тоа што за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Белгија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола, во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ. Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, при што биле затекнати 13 малолетници без надзор на родител после 24.00 часот и тие биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци. Инаку и во Битола ноќва околу 01.00 часот од страна на полициски службеници при СВР Битола во близина на месноста „Јени Џамија“ биле затекнати лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно места. Истите биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.

Вчера во 17:45 часот било пријавено дека на излез од Градските гробишта во Прилеп, Е.М.(33) од Прилеп, управувајќи мопед „соник“ со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

Вчера (22.07.2023) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 91 возач. Од нив 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Вчера во 21:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица– Радовиш, на делницата од село Владевци до село Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт-533“ со полуприколка без регистарски ознаки, управуван од Б.К.(42) од село Злеово, радовишко и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ж.Е.(48) од село Радичево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Е.(44) од истото село, констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.       

Полициските службеници на СВР Тетово ноќеска (23.07.2023), во периодот од 00.00 до 05.00 часот спровеле контрола на возачи - дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол, при што бил констатиран вкупно 21 прекршок (ТЕ-13 и ГВ-8). Од контролираните, кај 1 (ГВ) измерени се над 2 промили алкохол во организмот. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени нивните возачки дозволи, а изготвени им се и законски предвидените поднесоци. Глобите за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, зависно од степенот на констатираната алкохолизираност, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, со мерка - одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

Вчера во 20:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Пршовце – село Јегуновце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“,  управувано од З.Б.(54) од село Копанце, тетовско и патничко возило „форд“, управувано од З.М.(63) од село Старо Село, тетовско, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „форд“, М.М.(36) од Старо Село, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, С.М., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 22/23.07.2023 во временскиот период од 23.00 до 04.00 часот во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ акциска контрола била извршена од полициски службеници на СВР Скопје во угостителски објекти и казина на подрачјето на Центар, Кисела Вода и Аеродром, при што извршени се прегледи на 20 лица, а констатиран е еден прекршок од Законот за приватно обезбедување. вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан