МВР Билтен
- Скопје, 29 јануари 2026
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против И.С. (26) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.10.2025 на магистралeн пат во близина на с.Киселица, делчевско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ж. С. (44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 14.08.2025 во с.Ореовец, прилепско, полициски службеници утврдиле дека пријавениот започнал изградба на објект на земјиште во државна сопственост, без претходно одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П. (33) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 23.01.2026, пријавениот не почитувал наредба да застане со возилото кое го управувал, а откако бил запрен, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Ф.А. (58) од Гостивар, Б.З (46) од с.Равен, гостиварско и Г.М. (44) од с.Дебреше, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.12.2025 во Гостивар, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, пријавените физички го нападнале А.А., при што еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.К.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(48) од с.Пресил, битолско за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 10.12.2025 во с.Житоше, прилепско, пријавениот упатил закани по животот на едно лице, а на 11.12.2025 при извршен претрес кај пријавениот, била пронајдена и одземена воздушна пушка и муниција.
Вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.Г.(27) од Р.Турција, поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола, а истиот допатувал со патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Вчера во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријави дека околу 00:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.(38) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Скопје вчера во 21:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје. Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. аа/
Фото: МИА архива