• понеделник, 03 март 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - Околу 21 часот, синоќа во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И., 31-годишно лице од овој град.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска околу 00:15 часот во СВР - Скопје е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ во градот, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н., 48-годишно лице од Гостивар, удрило во Б.Л., на 25-годишна возраст од Битола.

Со возило на Итна медицинска помош, Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол, по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка. По документирање на случајот, СВР - Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Синоќа во 22:55 часот во казино на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода Б.Н., 38-годишен скопјанец, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста бела материја и прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Г., 46-годишен скопјанец, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 1:05 часот пред хотел на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода С.И., 33-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 3:40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода А.С., 40-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во два часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода Н.М., 38-годишник од Стар Дојран, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 2:25 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје ги лишиле од слобода М.Ф., на возраст од 22 години и Д.М., 37-годишно лице, двајцата скопјани, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР - Скопје ја лишиле од слобода М.П., 28-годишна скопјанка, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 3:32 часот во СВР - Скопје, од Казнено-поправната установа „Затвор - Скопје“ било пријавено дека во шеталиштето во установата, во кеса била пронајдена марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11:45 часот во СВР - Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците „Веселин Маслеша“ и „Трајко Прокопиев“ во градот се случила сообраќајна несреќа.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., 44-годишно лице од Куманово и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т., 42-годишно лице од Куманово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница - Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Куманово.  

Вчера во 18 часот во полициската станица - Кисела Вода, Р.Н., 22-годишник од Скопје, пријавил дека на улицата „Христо Татарчев“ во градот бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14 часот во полициската станица - Карпош, Н.Ј., 18-годишна скопјанка, пријавила дека на улицата „Никола Русински“ во Скопје била касната од куче скитник.

Синоќа во 19:40 часот во полициската станица - Гази Баба, Д.В., 63-годишник од Скопје, пријавил дека во населбата Ќерамидница во градот бил каснат од куче скитник. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан