• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - Вчера во 21.30 часот во Радовиш, од полициски службеници е лишен од слобода В.С.(18) од Радовиш, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 21.30 часот во Тетово го лишија од слобода Ф.И.(18) од село Боговиње, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 22.10 часот во село Горно Палчиште, тетовско  ги лишија од слобода О.Ј.(19) и А.Д.(23) двајцата од село Добридол затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 17.45 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Велес, во близина на археолошки локалитет „Стоби“, Д.И. (20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата, возачот е пренесен во Општа болница-Велес каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Н.Ш.(69) од Скопје вчера во 23.30 часот во Полициска станица Чаир пријавил дека на ул.„Јадранска магистрала“ бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14.16 часот било пријавено дека во Прилеп, патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Прилеп, удрило во паркирано патничко моторно возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(66). По несреќата возачот С.И. е пренесен во Градската општа болница -Прилеп каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Б.Г.(48) од Велес вчера во 16.30 часот во Полициска станица Кочани пријавил дека во Кочани бил каснат од куче скитник.

Ј.Ѓ.(64) од село Вруток вчера во 16.30 часот во Полициска станица Гостивар пријавила дека во с. Вруток  била касната од куче скитник.

Вчера во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава во 04.30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1301 Охрид-Свети Наум во населба Свети Стефан, патничко моторно возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(19) од Охрид, излегло надвор од коловозот. По несреќата возачот Б.А. и неговиот сопатник В.М.(18) од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, вчера во 01 часот, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во угостителски објект во Охрид. При контролата кај едно лице е пронајдена марихуана, а затекнати се и 17 странски државјанки од кои четири престојувале спротивно на законите во државата (две од Русија со пречекорен престој, една од Србија со пречекорен престој и една државјанка на Србија со активна забрана за влез во државата). Лицата се приведени и надлежен судија во Основен суд Охрид изрекол парични казни и мерка протерување. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки и утврден е вишок од 80.000 денари, пари кои не биле евидентирани, за што ќе следуваат соодветни санкции. Од страна на Државниот инспекторат за труд затекнато е лице кое извршувало работни активности, а не било пријавено, за што ќе следува соодветна пријава. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирано е кршење на забраната за пушење во угостителскиот објект, за што се изречени соодветни санкции.

Утрово околу 06.20 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.С.(20) од Охрид и патничко моторно возило ,,голф’’ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.Ч.(53) од село Коњско, охридско. По несреќата возачот на мотоциклот К.С. бил пренесен во Специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа до СВР Охрид.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан