• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - На 17.04.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола. При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение  дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

На 17.04.2024 во 18.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Х.Т.(26) од Скопје затоа што кај него биле пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 17.04.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. А.Ј. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во текот на вчерашниот ден (17.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење...  

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

На 17.04.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 17.04.2024 околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Р.(54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На  17.04.2024  во  15.45 часот во Полициската станица Драчево, А.Н.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

 

 

Остани поврзан