• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - На 09.10.2024 во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци. Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната. 

На 09.10.2024 во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна. 

На 09.10.2024 во 18.30  часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Б.(36) од кавадаречко село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои ги поседувал без соодветна документација. Ј.Б. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 09.10.2024 во 21.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(26) од Тетово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 09.10.2024 во 21.30 часот на регионален  пат с.Пирок - Тетово, кај селото Долно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода М.А.(21) и Е.Ѕ.(22), двајцата од Боговиње, и Л.И.(20) од с.Синичане. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.10.2024 во 21.50 часот на регионален пат Тетово – Скопје, во село Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин  ги лишиле од слобода Б.Ф.(18), В.Ф.(22) и И.З.(22), сите од тетовска Палатица, При преглед кај нив и во патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и ризла. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.   

На 09.10.2024 во 08.40 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле В.С.(70) од с.Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

Денеска (10.10.2024) во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.10.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(31) од Грузија затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.10.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени жолта прашкаста материја и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 09.10.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.10.2024 во 19.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.В.(19) и Д.М.(19), двајцата од Штип. При преглед кај нив и во возилото „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., кај С.В. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.10.2024 во 22.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од село Долни Липовиќ, радовишко и Г.В.(51) од село Лубница, општина Конче, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

На 09.10.2024 во 21.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце,  на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(71) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции Скопје за понатамошна постапка. 

На 09.10.2024 во 09.10 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле С.С.(29) и Р.П.(23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основен суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекува парична глоба и прекршочна санкција –  протерување на странец од земјата во траење од една година. 

На 09.10.2024 во 20.45 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го привеле М.Н.(36) од Република Србија затоа што илегално ја поминал границата од Грција кон РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.   

На 09.10.2024 во ОВР Свети Николе, Д.М.(35) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавила дека во Штип ја пронашла нејзината ќерка Б.Т.(15) за која претходно пријавила дека не се вратила дома од училиштето во кое учи во Штип. 

На 09.10.2024 во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар - с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. 

На 09.10.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Лески, виничко, Л.С.(55) од истото село, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница. 

На 09.10.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.К.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 09.10.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Центар, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

  На 09.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.А.(47) од село Визбегово, скопско, пријавил дека на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Остани поврзан