• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 јануари 2023 (МИА) – Околу 05:20 часот денеска во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, на местото викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во А.Ѓ.(21) од с.Кадино, скопско и во А.П. од с.Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 07:15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Штип.      Синоќа во 01:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Св.Килимент Охридски“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку машки лица врз Ф.К.(21) и Г.И.(22), двајцата од Кавадарци.

Според пријавеното, во нападот биле употребени и стаклени предмети, а бил оштетен и дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Утринава во 05:30 часот во Полициската станица Центар, С.А.(31) од Сопиште пријавил дека околу 03.50 часот на работното место во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 05:05 часот утринава на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера во 18:10 часот во угостителски објект на кеј „13 Ноември“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(44) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Утринава во 06.15 часот пред спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(30) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Околу 04.30 часот ноќеска во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Вчера околу 19 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „мерцедес б180“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(41) од Прилеп.

Повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.Околу 03.15 часот по полноќ во СВР Куманово, Н.Г.(24) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на ул.„Народна Ревоулција“ во Куманово, било оштетено од залутан куршум.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, С.К.(44) од Скопје пријавил дека околу 14.05 часот Ф.В. од Скопје му се заканил со пиштол поради претходно недоразбирање во неговиот угостителски објект.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 02.15 часот во СВР Скопје, В.В. пријавил дека во 01.45 часот во дом на подрачје на општина Аеродором бил физички нападнат од А.С.(21) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 15 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(38) од Скопје пријавил дека на 30.12.2022 околу 07.30 часот во автомеханичарска работилница на бул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од Т.К.(35) и М.Б.(38), двајцата од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 18 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“, поради претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(42)-женско лице од Скопје, од една страна и Џ.Ј.(50)- женско лице од Скопје и Ф.С.(26) од Скопје, од друга страна.Вчера во 13  часот во СВР Куманово, А.Б.(39) пријавил дека околу 03.00 часот во неговата работилница во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Д., кој притоа со тврд предмет оштетил стакла од работилницата и паркирано патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на синот на пријавителот.

Според пријавеното, тој подоцна забележал дека во возилото бил предизвикан пожар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 05.50 часот во Полициската станица Куманово, Г.С.(41) од Куманово пријавил дека околу 04.10 часот пред угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од две лица, при што едно од нив се обидело со остар предмет да му нанесе повреда, но не успеало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 01.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 00.30 часот во казино во с.Петралица, општина Ранковце, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(33) од с.Гиновце, општина Ранковце и С.А.(25) од с.Петралица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 21.15 часот вчера во Полициската станица Битола, М.Д.(45) од Битола пријавил дека во 18.10 часот во и надвор од неговиот занаетчиски дуќан во Битола бил физички нападнат со тврди предмети од Џ.Н., М.Н. и уште неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Прилеп, Р.Т.(73) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека на 24.12.2022 околу 10.00 часот во неговиот двор во с.Канатларци бил физички нападнат од неговиот внук Е.Т..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Ноќеска околу 02.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект на бензинска пумпа во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Г.(25) од с.Раклиш, од една страна и К.К.(20) и М.Т.(47), двајцата од Радовиш, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На полноќ во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух, а потоа Р.Н. се обидел физички да го нападне Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н..

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Тетово, М.Ј.(58) од с.Голема Речица, тетовско, пријавил дека околу 14.00 часот во близина на неговиот угостителски објект кај место викано „Бањиче“ во Тетово бил физички нападнат од Б.Н.(49) од Тетово поради нерасчистени имотно – правни односи.

Според пријавеното, Б.Н. претходно предизвикал пожар, при што му била опожарена настрешница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Вчера во 15.40 часот во Полициското одделение Камењане, И.Б.(22) од с.Горно Седларце, тетовско, пријавил дека околу 15.20  часот во спортска обложувалница во с.Камењане, тетовско, по претходна расправија, бил физички нападнат од вработениот А.С.(40) од с. Камењане.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 18 часот вчера во Полициската станица Гостивар, А.А.(55) од Гостивар пријавил дека на 30 декември околу 16 часот во Гостивар неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 21.30 часот во СВР Тетово, Л.Д.(30) од с.Сенокос, гостиварско, пријавил дека околу 17.45 часот во маркет во с.Добридол, гостиварско, тој и Ѓ.Д. биле физички нападнати од Џ.М. и С.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Ноќеска во 02.30 часот во Полициската станица Тетово, Е.А.(21) од с.Желино, тетовско, пријавил дека околу 01.30 часот во близина на угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од три лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вчера во 18.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Л.(33) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка З.Л.(68) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Утринава во 05.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Ч. од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Утринава во 04.55 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во дом на подрачје на Кисела Вода А.Н.(24) од Делчево и К.С.(32) од с.Инџиково, скопско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 04.55 часот утринава во Полициската станица Гази Баба, М.М.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либнехт“ бил физички нападнат од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан