• вторник, 26 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(21) од селото Дебреше, општина Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 28.07.2024, полициските службеници извршиле контрола кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и против М.Р.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, саксии со стебла и семки од растението канабис, метална дробилка со остатоци од марихуана и други предмети.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Х.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал.

На 07.10.2024 во 18.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивниот 35-годишен син и им се заканувал со остар предмет.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.10.2024) во 00.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.И.(37), П.А.(39) и Л.С.(48), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.10.2024 околу 23.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со Ф.С.(35) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Б.Н.(65) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Бит-пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица, кои се обиделе да му го одземат мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, И.Х.(44) од с.Арачиново, Скопско, пријавила дека околу 23.30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од О.Ј.(28) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје, Б.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 22.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од три лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 06.10.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје, 49-годишен маж од Скопско пријавил дека околу 17.00 часот пред семејната куќа бил физички нападнат од неговиот син О.В.(18).

По целoсно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, В.С.(66) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на подрачјето на Карпош, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во 12.15 часот, А.Ф.(35) од Кичево во полициска станица пријави дека на улица „Ленинова“ во Кичево, додека го шетал неговото куче - домашен миленик, бил нападнат од кучиња скитници кои го укасале и задавиле неговото куче.  

Денеска (08.10.2024) во 08.40 часот во СВР Скопје, Џ.А.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, Скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, Скопско.

Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2024 во 00.30 часот, И.В.(47) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, Ѓ.Т.(30) од с.Оризари, Кочанско, пријавила дека во дворот од семејната куќа била физички нападната од соседот Ј.С.(79), кој употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, В.М.(46) од с.Дељадровци, Скопско и Л.Д.(41) од населба Илинден, Скопско, пријавиле дека околу 12.35 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нивните два малолетни сина биле физички нападнати од неколку други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.10.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Велес, Т.С.(57) од Велес пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2024 во 11.10 часот во СВР Штип, Р.М.(32) од Штип пријавил дека на 05.10.2024 околу 22.30 часот во Штип бил физички нападнат од А.„Н“ и Е.„Н“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во Полициската станица Карпош, жена од Скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка, ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Чаир, С.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 06.10.2024 во 14.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во објект во изградба на подрачјето на Карпош, сопственост на правно лице од Охрид.

Пожарот бил изгаснат од присутните лица и Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, за настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 07.10.2024 во 21.05 часот во СВР Битола, Ѓ.А.(73) од Битола пријавил дека на ул. „Смилевски конгрес” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2024 во 00.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Б.(43) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.Д.(23).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.10.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.10.2024 во 12.20 часот во СВР Битола, П.Ј.(74) од Битола пријавил дека во с.Српци, Битолско,  бил каснат од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан