• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 08.50 часот во Тетово го привеле А.Б.(41) од Тетово. Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 11.30 часот во Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(30) и Г.Н.(36), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“. Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид примал патнички моторни возила од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила. Пријавениот, не ги извршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист.  

Полициски службеници од Полициската станица Драчево и Кисела Вода вчера во Скопје ги лишиле од слобода А.А.(30), Ш.Р.(20) и С.Б.(25), сите од село Студеничани, скопско. Тие се сомничат дека околу 13.50 часот во село Морани, општина Студеничани, заедно со уште едно лице упатувале закани кон Х.Ф.(30) од село Смесница, општина Зелениково. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска извршиле службен разговор со С.Р.(26) од Скопје затоа што, по претходно недоразбирање, физички го нападнал С.Ј.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Т.И.(60) од Битола вчера во 08.25 часот во СВР Битола пријавил дека при чистење на таванот од својот дом, пронашол 10 рачни бомби, четири топовски удари (шок бомби), два куршуми од 9мм и 4 куршуми од 7.62мм. Во 09.20 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита ги подигнал експлозивните направи за понатамошна постапка.

Вчера во 17.57 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во село Никиштане, општина Ѓорче Петров, во метална кутија била пронајдена муниција. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид и од местото подигнале 151 куршуми за понатамошна постапка.

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, го привеле З.С.(59) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Завчера во 22.30 часот во СВР Скопје, 50 - годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 36 - годишна сопруга. Исто така, и сопругата пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој и упатувал и закани, а потоа и го одзел мобилниот телефон и го фрлил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Д.С.(36) од Скопје вчера во 22.05 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од својот колега К.К.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

З.А.(34) од Скопје вчера во 16.00 часот во СВР Скопје пријавил дека на 20.10.2024 околу 20.40 часот на подрачјето на Кисела Вода бил нападнат со остар предмет од Б.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

В.К.(58) од Скопје вчера во 15.40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 14.10 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила ѝ одзело чанта со паричник, лични документи и пари, два мобилни телефони и друго. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, ги привеле С.Р.(23) од село Сарај, скопско и Ф.И.(37) од Скопје затоа што, по претходно меѓусебно нетрпение, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувал и Р.Д.(28) од Скопје. Во врска со настанот, во 22.20 часот Ф.И. пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, тој, С.И., М.Б., Ф.И. и еден малолетник биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Завчера во 20.56 часот во СВР Скопје, 31 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Е.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој престојува на подрачјето на Бит Пазар, бил пронајден починат А.К.(69) од Република Турција, со престој во Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид.

Од Јавна установа за згрижување деца вчера во 14.00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека нивниот штитеник Р.М.(17) од Скопје се вратил во установата, за кој на 18.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од установата.

Во ОВР Струга вчера во 16.45 часот е пријавено дека К.М.(60) од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.    

Во СВР Битола вчера било пријавено дека во угостителски објект во село Трново, битолско, било влезено со употреба на сила и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ѓ.О.(45) од Прилеп вчера во ОВР Прилеп пријавил дека во населба Точила во Прилеп бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(39) од село Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 15.04.2024 на регионалниот пат Тетово - Попова Шапка, пријавениот бил затекнат како транспортира бесправно исечени огревни дрва, по што полициски службеници го лишиле од слобода.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.06.2024. полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка и пари. Додека, на 20.10.2024 бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена марихуана и нож.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(20) од Гостивар, К.Ж.(20) од село Србиново и А.К.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.06.2024 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, кои ги набавил од второ и третопријавениот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.09.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(50) и А.Џ.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2024, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило управувано од А.Џ., а сопатник бил првопријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.10.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Л.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.06.2024 во Скопје,  полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.04.2024 во Скопје, полициски службеници го забележале пријавениот како на две лица им дал марихуана, која била пронајдена при преглед кај еден од нив.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ц.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.10.2024 пред семејниот дом тој бил забележан како продава марихуана на две лица. Подоцна, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, нож, солзавец и пари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На паркинг простор во Битола, полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Битола, при што бил пронајден и одземен хероин, кој го набавил од пријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Н.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 06.12.2022 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми од гасен пиштол и дробилка со остатоци од марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од село Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. На 14.04.2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал - детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Б.Б.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.10.2024 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

ОВР Гевгелија поднесе две кривични пријави против С.Ф.(22) и Д.О.Ч.(19), двајцата државјани на Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „криумчарење мигранти“. На 16.10.2024, полициски службеници извршиле преглед над патничките возила „сеат ибица“ и „цитроен“, кои ги управувале пријавените, при што биле пронајдени девет лица мигранти од Ирак.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М (27), Е.М.(27), двајцата од Батинци, скопско, и С.З.(43) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 29.03.2024 на автопатот Градско-Велес, полициски службеници извршиле контрола на автобус ,,мерцедес“ со турски национални ознаки, сопственост на туристичка агенција, при што била пронајдена поголема количина на стока која подлежи на царинска контрола, а за која пријавените не поседувале никаква документација.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Ч.(43) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 20.10.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и Ф.Б.(43) од село Џепчиште, тетовско, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2023 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, пријавените изградиле станбена зграда со еден кат повеќе од предвиденото во одобрението за градба издадено од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(52) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 на земјиште во државна сопственост, на место викано „Табачница“, пријавениот изградил ѕид без да поседува соодветна документација издадена од надлежен орган.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(60) од село Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 09.10.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „сеат алхамбра“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ќ (75) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на регионалниот пат Тетово - Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген поло“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан