• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.О.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2023 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 01.06.2024 во 17.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.М.(23) од Битола, удрило во велосипед управуван од Н.Ѓ.(59) од Битола. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.

Денеска (02.06.2024) во 10.30 часот на улица ,,Цветaн Димов" во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило ,,БМВ" со тетовски регистарски ознаки. Тој се сомничи дека околу 10.15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение. При преглед на возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува пријава. Увид извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 01.06.2024 во 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, 21-годишната Д.С.(21) и Б.Ј.(35), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од Ј.Ш.(36) и Б.Ј.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Р.(46) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.08.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и две дигитални ваги со остатоци од хероин и кокаин.  

Денеска (02.06.2024) во 00.50 часот во Полициската станица Центар, Т.Ѓ.(66) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Ѓ.(33), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Г.К.(55) од Скопје пријавил дека околу 19.20 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг В.В. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.01.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 01.06.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 01.06.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје 55-годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговиот син, Д.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, 19-годишна жена пријавила дека околу 10.00 часот во домот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.Л. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.02.2024, на автопатот Скопје - Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

На 01.06.2024 во 18.47 часот СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници, во која осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2024 во 23.28 часот во СВР Штип било пријавено дека во Кочани, Ј.А.(62) од Кочани се самозадоволувал пред малолетничка, а во еден момент ја допрел и по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2023, при извршен преглед над пријавениот била пронајдена и одземена марихуана. 

Денеска (02.06.2024) во 01.35 часот во СВР Скопје, А.А.(29) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот во двор од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, каде со возило бил донесен од страна на пет лица, бил физички нападнат од нив и од уште неколку други лица, при што му бил одземен и паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Остани поврзан