• среда, 25 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани завчера ги лишиле од слобода И.В.(26), А.Р.(24) и Б.А.(22), тројцата од Кочани. При извршен претрес од полициски службеници во домовите и помошните простории на И.В. А.Р. и Б.А., по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и таблетки. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во СВР Охрид вчера е приведен Р.Т.(65) од Охрид. Тој бил баран врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Струга, каде е спроведен за издржување затворска казна.

Полициски службеници од Полициската станица Штип денеска го лишиле од слобода П.И.(27) од село Црвулево, општина Карбинци. Тој бил баран по распишана потерница врз основа на наредба за од Казнено-поправна установа Затвор Штип со која се барал за доиздржување на казна затвор од три години. Лицето е предадено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Полициски службеници од Полициската станица Штип денеска го лишиле од слобода С.Х.(59) од Штип. Тој бил баран по судска наредба за  издржување  на казна затвор  за сторено кривично дела „кражба“ . Лицето е предадено во казнено-поправна установа Затвор Струмица.

На подрачјето на СВР Тетово денеска  во периодот од 8:00 до 14:00 часот е спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 139 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-106 и ГВ-33). Од нив, 3 возила(ГВ), односно возачи пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 17 возачи (ТЕ-9 и ГВ-8) за над 50 до 70 километри на час. Покрај тоа, санкционирани се и 65 пречекорувања (ТЕ-35 и ГВ-30) на пропишаната брзина во населено место, од кои 1 (ТЕ) за над 50 километри на час, како и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-2). На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои пречекориле за повеќе од 50 и 70 километри на час ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Во текот на денешниот ден во периодот од 8:00 до 14:00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачите кои ја надминале максималната дозволена брзина. При контролата, санкционирани се 113 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а за време на контролата санкционирани се и 12 други видови на прекршоци.

Денеска во 11:00 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„ЈНА“ патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(70) од Гостивар удрило во малолетен пешак од село Речане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар . Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На територија на СВР Штип денеска во периодот од 8:00 до 14:00 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ја почитуваат пропишаната брзина на движење на возилата. За време на контролата биле санкционирани 88 прекршоци, од кои 72 надвор од населено место и 16 во населено место.

Вчера од 14:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 31 возач што управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-05, Кичево-16).

Полициски службеници од Полициската станица Штип денеска го лишиле од слобода Т.А.(44) од Штип. Тој бил баран по судска наредба за  доиздржување  на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“.  Лицето е предадено во казнено поправна установа Затвор Струмица.

Полициски службеници од БЈБ вчера во 17:20 часот во село Кондово, скопско, го лишиле од слобода З.Ј.(38) од истото село, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 273 од Кривичниот законик. При преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него биле пронајдени и одземени банкноти со вкупна вредност од околу 20.000 евра. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот вчера околу 20:30 часот на автопатот „Пријателство“ на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“ во близина на село Табановце пронашле патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно излетало од коловозот, во чија близина биле затекнати 5 илегални мигранти, од кои 4 биле од Ирак, а еден од Сирија. Известен е Јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.04.2023 на граничен премин Табановце, при преглед кај пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Н.Ј.(50) од Скопје завчера во 13:48 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Ф.А. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 18:10 часот во Гостивар го привеле А.Е.(30) од Р. Албанија, поради постоење на сомнение за непријавен престој на подрачјето. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.07.2023, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште две лица и при преглед, кај едното лице пронашле и одзеле марихуана.

С.Ф.(35) од село Жеровјане, тетовско, вчера во 16:20 часот пријавил дека околу 14:15 часот во селото бил физички нападнат од Е.М.(32) од тетовска Голема Речица, кој притоа му го оштетил и неговото возило. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола утринава во 2:15 часот во Битола го лишиле од слобода Н.К.(41) од Битола, поради тоа што на ул.„Партизанска“ агресивно се однесувал, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Р.С.(78) од Скопје вчера во 19:40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 17.:00 часот на подрачјето на Автокоманда, по претходна расправија, била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Г.(29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

А.А.(36) од село Селце, тетовско, вчера во 16:00 часот пријавил дека од домот на нејзините родители во село Жеровјане, тетовско, се оддалечила неговата сопруга К.А.(31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

И.И.(40) од Прилеп вчера во 8:00 часот, во ОВР Прилеп пријавил дека во близина на старата автобуска станица неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од село Калиште и против Р.И.(51) од село Чегране, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2022 во Гостивар, полициски службеници го забележале првопријавениот при продажба на хероин на второпријавениот. При преглед кај второпријавениот бил пронајден и одземен хероинот.  

Во СВР Скопје вчера во 23:16 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „сеат леон“, сопственост на С.Ш.(38) од Скопје, а од пожарот било зафатено и патничко возило „сеат ибица“, сопственост на С.Д.(26) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Д.(31) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Пријавениот, во почетокот на јули 2023 година, набавил хероин, по што на 05.07.2023 користел од дрогата заедно со уште едно лице, при што бил затекнат од полициски службеници.

М.М.(46) од Битола денеска во СВР Битола пријавила дека на вчера околу 21:00 часот на ул.„Јорго Османо" во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М. (68) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На 11.05.2023, по пријава од граѓанин, полициски службеници извршиле контрола и увид на лице место на ул. „Гостиварска“, при што било констатирано дека пријавениот во текот на 2016 година извршил градежни работи, односно изградил објект со површина од 12 м2 без да поседува дозвола за градење, за што и Агенцијата за катастар потврдила дека објектот бил изграден на парцела сопственост на Република Северна Македонија.

Во Полициската станица Гевгелија вчера во 9:40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж. Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила  екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(21) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.04.2023, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „алфа ромео“, во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан