• понеделник, 10 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Синоќа во 23:45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22:30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А., на возраст од 28 години од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го привеле Н.Ц., 22-годишно лице од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници од СВР - Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на кумановското подрачје.

При контролата, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2.403 парчиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки. Изготвени се записници за констатирана состојба.

Денеска во 3:25 часот во полициската станица - Пробиштип било пријавено дека во атар на село Злетово, пробиштипско, патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Г., 44-годишно лице од селото, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница - Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Пробиштип.  

Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од СВР - Скопје ги привеле А.Е., на возраст од 30 години и Д.Е., на 26-годишна возраст, двајцата скопјани.

Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, физички го нападнале 32-годишното лице - М.Р. од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска во два часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го привеле Д.С., на возраст од 32 години од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници, додека извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15:10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 56 години од Скопје.

Тој се сомничи дека, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, околу 1:30 часот, со употреба на сила и погоден алат, влегол во домот на М.Б., 51-годишник од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите. Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 17:55 часот во полициската станица - Свети Николе било пријавено дека околу 17 часот на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кај светиниколско место викано „Мездра“, во движење настанал пожар на патничко возило „опел зафира“ со светиниколски регистарски ознаки.

Тоа било управувано од Д.Н., 19-годишно лице од Свети Николе. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Свети Николе.      

Вчера во 15:36 часот во СВР - Штип, П.С., 68-годишен штипјанец, пријавил дека околу 15:25 часот во дворот од семејната куќа, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од соседот Ј.„Н“..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 00:50 часот во СВР - Штип, К.К., 43-годишна штипјанка, пријавила дека претходниот ден, околу 19 часот во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов малолетен другар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11:50 часот во полициската станица - Крива Паланка, Ш.Н., 33-годишник од село Арачиново, скопско, пријавил дека околу 11:45 часот кај Зелен пазар во градот, бил физички нападнат од В.Д., 49-годишно лице од овој град.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 5:30 часот, И.К., на возраст од 38 години од Скопје, пријавила дека околу 00:30 часот во дворот од нејзината куќа на подрачјето на Бит Пазар, две машки лица ѝ се заканиле со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:05 часот во полициската станица - Пробиштип било пријавено дека со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во магацин на правен субјект во градот, при што биле одземени повеќе предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:05 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром, едно машко лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Денеска во 1:30 часот во полициското одделение - Шуто Оризари, А.А., 39-годишен скопјанец, пријавил дека од домот на својата баба на подрачјето на Шуто Оризари, се оддалечила неговата 15-годишна ќерка А.А. од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан